(Видео) Курникова со бебето шизеше на новиот хит на Енрике

Ана Курникова (36) сподели забавно видео на кое танцува со својата ќерка на новиот хит на  Енрике Иглесијас. Поранешна тенисерка ја носи во кенгур петмесечната Луси додека танцува на песната Move to Miami. Во описот, Курникова шеговито напиша: „Малечка, те молам не наследувај ги моите танцувачки движења“.

Во моментов, Ана е во Мајами со близначињата Луси и Николас, кои ги доби со Иглесијас откако ја чуваа бременоста во тајност.

 

42-годишниот пејач е на турнеја. За израелските медиуми тој изјави дека Ана и близначињата премногу му недостигаат, но дека ужива да настапува пред своите обожаватели.

„Премногу ми недостига моето семејство. Но, го обожавам она што го работам, што сум на сцената и што сум обиколен од моите фанови. Тоа се двете нешта што најмногу ги сакам во мојот живот“ – рекол Енрике. Парот е во врска 16 години.

Scroll to Top