(Видео) Мадона тврди: Се тестирав, имуна сум на коронавирусот

By

Поп ѕвездата Мадона тврди дека е имуна на коронавирусот. Таа вели дека направила тестирање, за да види дали е заразена со опасниот вирус и дека се покажало дека таа има антитела во крвта, кои го спречуваат да се шири.

„Се тестирав пред некој ден. Дознав дека имам антитела на коронавирусот. Утре ќе одам на долго возење со мојот автомобил, ќе го спуштам прозорот и ќе вдишам воздух полн со „Ковид-19“, изјави пејачката во видеото кое го објави на социјалните мрежи.

Таа тврди дека била заболена од коронавирусот, но не откри кои и биле симптомите. Засега не е познато ниту дали антителата можат да ја заштитат од тоа повторно да се зарази.

Центарот за контрола на болести и превенции (CDC) тврди дека антителата не значат дека автоматски сте имум на вирусот, но помагаат во борбата со каква било инфекција.

 

View this post on Instagram

 

#staysafe #staysane

A post shared by Madonna (@madonna) on

Мадона, откако е во карантин, со пријателите го споделува нејзиниот онлајн дневник. Со пишување на дневникот почнала на 17. март, кога го претставила овој проект. Напоменала дека ќе биде подготвена за коронавирусот.

„Сакав да се зближам со луѓето, да ги раскажам своите приказни и да ги слушнам нивните, но тогаш настана изолацијата. И самата признавам дека овој карантин е нешто што ми паѓа тешко. Ми недостигаат моите коњи, синови. Се надевам дека утре ќе биде подобар ден“, изјавила Мадона.

 

 

 

Ќе ви се допадне