(Видео) Маж го нападна Шварценегер со кунг-фу удар во грб

Холивудскиот глумец и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, беше нападнат со кунг-фу удар во грбот во Сандтон, Јужна Африка, каде беше поканет да суди на локален спортски настан. Додека тој потпишуваше автограми, непознат човек се стрча зад него и скокна, па со нозете го удри грбот. Обезбедувањето го тргна напаѓачот и тој е одведен во полиција. Засега не се познати причините за нападот.

Шварценегер се прослави со улогата во култниот филм „Терминатор“, а глумел во бројни акциони филмови и неколку комедии. Од 2003 до 2011 година тој беше гувернер на Калифорнија.

Scroll to Top