(Видео) Меланија не може да ја поднесе Иванка Трамп

Иако од поодамна во јавноста се шпекулира дека првата дама на САД, Меланија Трамп и ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка, не се сакаат, сега тоа и официјално се потврди, пренесуваат светските медиуми.

Тоа се покажало и за време на игунарацијата на Доналд Трамп, за време на нивната средба, кога Меланија, најпрво кисело се насемала, а потоа упатила остар поглед кон Иванка. Снимката брзо се рашири на социјалните мрежи.

„Дали Меланија преврте со очите кога ја погледна Иванка. Не изгледа дека се сакаат премногу“, биле некои од коментарите на фановите.

Писателката Стефани Винстон Влокф, која се смета за поранешна блиска советничка и пријателка на Меланија, открива дека и таа била дел од операцијата на Меланија, „Блокирај ја Иванка“ и дека двете направиле сè што е во нивна моќ за да ја тргнат Иванка од центарот на вниманието.

Меланија го одобрила и распоредот на седење на гостите, кој требало да гарантира дка Иванка нема да се гледа на фотографиите. Волкоф, која помогнала во организацијата, проценила каде камерите би можеле да бидат. На крајот планот не се остварил, а Иванка седела зад Меланија.

„Бевме уморни и под стрес. Да, операцијата „Блокирај ја Иванка“ беше глупост. Меланија учествуваше во неа. Но, верувавме дека Иванка не требаше да се стави во центарот на внимание на инаугурацијата на нејзиниот татко“, напишала Волкоф и продолжила.
„Тоа беше инаугурација на Доналд, а не на Иванка. Но, никој не беше доволно храбар тоа да ѝ го каже на Иванка. Меланија не беше премногу воодушевена со тоа што Иванка го прави распоредот и не планираше тоа да го дозволи. Не беше среќна кога слушна дека Иванка инсистирала да учествува во парадата на Авенија Пенсилванија со своите деца“, вели Волкоф.
Scroll to Top