(Видео) Николас Кејџ исфрлен од ресторан оти мислеле дека е пијан бездомник

Славниот американски актер Николас Кејџ бил исфрлен од луксузен ресторан во Лас Вегас, оти мислеле дека е пијан бездомник. Инцидентот се случил минатата недела, а магазинот „Сан“ сега го објави видеото на кое се гледа дека Кејџ е бос, пијан и пробува да се степа со луѓето.

„Бевме во барот кога забележавме тип за кој прво мислевме дека е пијан бездомник. Се однесуваше лудо. Се шокиравме кога подоцна видовме дека тоа е Николас Кејџ. Беше целосно вон себе и се расправаше со персоналот. Беше во многу лоша состојба и шеташе бос. Персоналот ни кажа дека пиел текила и виски. Викаше на луѓето и се обидуваше да се степа, па го замолија да си оди. Беше толку пијан што едвај ги облече обувките пред да го испратат. На крај, еден од гостите на ресторанот го однесе дома“, раскажале сведоци за британскиот „Сан“.

Којџ, кој важи за еден од најталентираните актери во Холивуд, пред неколку години се повлече од глумата.

Scroll to Top