(Видео) „Осудена сум, навредена, посрамотена“ – Бритни Спирс плачела две недели по објавата на документарецот за неа

By

Некогаш светската и популарна поп пејачка, Бритни Спирс, објави видео во кое танцува на песна на групата „Аеросмит“ и напиша како новиот документарец кој беше објавен за неа, ја посрамотил.

Таа проговори за тешкиот период од нејзиниот живот и годините во кои таа била прогонувана од медиумите. Бритни сега вели дека се обидува да се избори со тоа и да остане среќна.

Пејачката откри дека и било незгодно и дека плачела две недели поради начинот на кој била прикажана во документарниот филм за неа Framing Britney Spears и призна дека тој не ја прикажал во целост нејзината приказна.

Овие денови поп ѕвездата го прекина молкот поради емисијата New York Times, која се емитувала минатиот месец, покажувајќи го нејзиниот успех и континуирана битка со нејзиниот татко.

„Не го гледав целиот документарец, но, од она што го видов, ми беше незгодно поради светлото во кое ме прикажаа. Плачев две недели и сѐ уште плачам“, напишала Бритни под објавеното видео на кое танцува на песната Crazy од „Аеросмит“ од 1993 година.

„За мојот живот отсекогаш се шпекулираше и се проучуваше. За да останам разумна, морам да танцувам секоја вечер. За да се чувствувам диво, човечко и живо. Цел живот бев изложена и настапував пред луѓе. Потребно е многу сила да му верувам на универзумот додека сум ранлив затоа што толку многу ме осудија, ме навредуваа. Медиумите ме посрамотија. Тоа го прават и денес. Светот продолжува да се врти, животот продолжува, а ние луѓето сè уште сме кревки и чувствителни“, вели Бритни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Ќе ви се допадне

KissAnime: Shounen Sunday CM Gekijou: InuYasha-hen anime episode 2 online free at https://kissanime.mx anime

Website https://animeheaven.pro: Watch Sexy and Stupid Water Polo Comedy!! animeheaven Episode 3 watch anime online

Website https://wcostream.cc: Watch Danball Senki Wars wcostream Episode 37 watch animes

Website https://twistmoe.net: Watch King of Prism by Pretty Rhythm twistmoe Episode Full online anime

Methodspace: https://www.methodspace.com/members/animefreakws/profile/

Hashatit: https://www.hashatit.com/833642