(ВИДЕО) Овие актери се срамат од улогите со кои се прославиле

Многу гледачи ги поистоветуваат омилените актери со улогите во кои ги гледале на малите екрани, занемарувајќи го фактот дека некои од нив не ги сакаат улогите кои ги направиле славни.

Ангус ти Џонс

Ова момче веројатно е попознато како Џејк од серијата „Два и пол мажи“. Ангус пред неколку години откри дека никој не би требал да ја гледа таа серија поради нејзината содржина, и оти повеќе не сака да глуми во неа. Причината за тоа се неговите верски уверувања.

Кејт Винслет

Филмот „Титаник“ од 1997. година е еден од најуспешните кино хитови, а во него се истакна Кејт Винслет во улогата на Роуз. Иако целиот свет беше обземен од нејзината глума и љубовната приказна меѓу Џек (Леонардо Дикаприо) и Роуз, Кејт воопшто не е задоволна од својата глума. Наводно ја нервирала и насловната песна „My hearth will go on“.

Роберт Патисон

Најпознатиот вампир на светот не крие дека „Самрак“ не му е најмилиот проект на кој работел. Неколку пати изјавил дека Едвард Кулен (ликот кој го толкува) му е одбиен, да му оди на нерви, а актерот најмногу се нервира кога го поистоветуваат со Едвард.


Кетрин Хигл

Актерката која се прослави во серијата „Вовед во анатомија“ зажали што играла во хитот „Knocked up“. Кетрин смета дека станува збор за сексистички филм, иако поголемиот дел од критичарите таа улога ја сметаат за нејзина најдобра.

Мишел Фајфер

На почетокот на кариерата, Мишел играше во продолжението на популарниот мјузикл „Брилијантин“, а од таа улога до ден денес се срами. Смета дека филмот е премногу лош, а за изборот на улогата вели дека и крив недостатокот на актерско искуство.

Scroll to Top