(Видео) По смртта на Наја Ривера, кружи старо видео: „Ако починам, закопајте ме во сатен“

By

Телото на актерката Наја Ривера беше пронајдено на 13 јули, точно на денот на 7-годишнината од смртта на нејзиниот колега од серијата Glee, Кори Монтеит.

Инаку, нејзиниот колега Монтeит се предозирал во хотелската соба во Ванкувер во 2013 година. Обдукцијата покажала дека го убила смртоносна комбинација од алкохол и хероин. Четири месеци претходно излегол од клиника за одвикнување.

Во тоа време сè уште траело снимањето на серијата, а ликот што го толкувал Монтеит требало да се врати во серијата.

Од вчера на социјалните мрежи се шири сцена од серијата, во која Наја му пее посвета на Фин, односно Кори.

Освен што насловот на песната е If I Die Young, сега таа звучи уште попотресно – стиховите во кои се спомнува реката многу повеќе потсетуваат на трагичната судбина на актерката отколку на Кори.

„Доколку починам млад, закопајте ме во сатен, положете ме на кревет од рози, ставете ме во реката, во зората“, отпеала актерката пред седум години.

„Оваа песна сега звучи многу морничаво“, „Звучи како да зборува за себе“, „Фактот дека не знаела оти на овој начин ќе почине во 2020 година ми го крши срцето, како оваа серија да е проклета“, се само некои од коментарите напишани под видеото.

За потсетување, ѕвездата на телевизиската серија Glee исчезна за време на пловење со изнајмен чамец, на кој била со четиригодишниот син.

Телото на актерката Наја Ривера беше пронајдено во езерото Пиру во Калифорнија по петдневна потрага, соопштија вчера локалните власти.

 

Ќе ви се допадне