Филмската компанија ХБО објави дека првата епизода од последната сезона на хит-серијата „Игра на тронови“ ќе почне да се прикажува на 14 април. Тие објавија и прв трејлер како најава за осмата сезона, во кое Арија Старк, Санса Старк и Џон Сноу доаѓаат во гробницата под Винтерфел.
Финалето на серијата ќе има само шест епизоди, секоја подолга од еден час. По завршувањето на серијата ХБО планира да сними неколку серии поврзани со „Игра на тронови“ и дел од ликовите во серијата.
Претходната, седма сезона на „Игра на тронови“ заврши во август 2017 година.