(Видео) Последната снимка од Мерилин Монро

На годишнината од смртта на познатата американска глумица Мерилин Монро, на социјалните мрежи почна да се шири последното видео што го снимила неколку недели пред смртта.

Мерилин Монро почина пред 58 години кога била пронајдена мртва во спалната соба во својот дом во Брентвуд. Иако официјално е прогласено дека станува збор за самоубиство, сепак зад нејзината смрт постојат голем број теории на заговор.

Сега во јавноста се појави последната нејзина снимка направена покрај океан. Францускиот уметник Жан Кокто изјавил дека нејзината смрт треба да послужи како страшна лекција за сите оние на кои главна окупација им е шпионирање и мачење на филмските ѕвезди.

Телото на Монро беше пронајдено во раните утрински часови на 5 август во 1962 година. Ништо не можел да направи ниту докторот и психијатар Рапф Гринсон, кој бил повикан од домаќинката која била заедно со Мерилин таа вечер, Јунис Мареј.

Јунис го побарала докторот околу 3 часот насетувајќи дека нешто не е во ред. Таа го забележала светлото под вратата на Монро од спалната соба, но не добила никаков одговор.

Не можела да ја отвори вратата затоа што била заклучена. Смртта на Монро службено ја потврдил нејзиниот лекар Хуман Енгелберг, кој стигнал во куќата околу 3.50 часот тоа утро.

Неочекуваната смрт на славната глумица била голема вест во САД и Европа. Подоцна се утврдило дека стапката на самоубиства во Лос Анџелес двојно се зголемила по смртта на Мерилин Монро.

Медиумите во Чикаго примиле стотина телефонски повици од луѓе што барале информации за нејзината смрт. Нејзиниот погреб, кој бил во август на гробиштата во Меморијалниот парк „Вилиџ Вествуд“, бил приватен.

Биле повикани само нејзините најблиски соработници. Погребот го организирале Џо Ди Маџио и нејзината менаџерка Инез Мелсон.

Околу гробиштата имало над стотина луѓе, кои ги блокирале улиците. Нејзината трајна популарност била поврзана со конфликтите што ги имала со јавни личности.

Од една страна, таа остана секс-симбол, икона за убавина и една од најпознатите ѕвезди на класичната холивудска кинематографија, а од друга, Монро ќе се памети и по нејзиниот вознемирувачки приватен живот, нестабилното детство, неуспешната борба за професионално почитување, како и нејзината смрт и многуте теории на заговор за неа.

Scroll to Top