(Видео) Ријана има нова песна

Ријана има нова песна во соработка со R&B артистот Partynextdoor, насловена е „Belive it”. Песната се наоѓа на листата на неговиот нов албум „Partymobile”, а Ријана се појавува како гостинка на албумот.

Популарната пејачка периодов комплетно се посвети на нејзините модни линии и на козметичкиот бренд „Fenty Beauty”, па со оваа песна таа ги потсети своите музички фанови дека не ја заборавила музиката.
Нејзинот последен музички албум „Anti” беше издаден во 2016, а новиот албум иако го најавуваше за 2019 година, тој сè уште е во студио и како што вели Ријана, работи на него.

Инаку деновиве пејачката наиде на голема поддршка откако донираше 5 милиони долари што ќе бидат искористени во борбата против глобалната пандемија.

Додека да го зиадде новиот албум, слушнете ја „Belive it”.

Scroll to Top