(Видео) Се чувствувам како да имам 48: Чак Норис го прослави својот 84. роденден

Американската акциона ѕвезда Чак Норис го прослави својот 84-ти роденден.

Во своите помлади денови тој немал ниту намера, ниту планирал да стане актер, но љубовта кон борачките вештини го одвела на сосема неочекуван пат исполнет со ѕвезди.

 

По повод својот 84-ти роденден Норис на „Инстаграм“ сподели видео на кое може да се види дека е целосно во топ-форма.

„Можеби имам 84 години, но се чувствувам како да имам 48“, оптимистички вели тој во видеото.

Норис денес ретко се појавува во јавноста, а неговата последна улога беше во филмот The Expendables 2 од 2021 година.

Scroll to Top