Поранешниот светски шампион во бокс, Владимир Кличко, едвај се спаси откако неговата јахта се запали во близина на шпанскиот брег. Некогашниот боксер го спаси крајбрежна стража, која го изгасна пожарот. Инцидентот помина без повредени.
Откако го спасија, Кличко објави видео на социјалните мрежи и го сподели своето искуство.
„Бидете внимателни што посакувате. Судбината ја прифати мојата желба за ‘малку адреналин’ и тоа буквално. Нашето патување со брод во неделата вечер заврши во нашиот брод кој се запали, а семејството и пријателите се евакуирани од крајбрежната стража и од тимот за спасување. Без грижи, сите сме во ред“, напиша Украинецот на „Твитер“.
Клично се повлече од боксот во август 2017 година, по поразот од Ентони Џошуа на стадионот „Вембли“. Се зборува дека е можно тој наскоро да се врати во рингот, оти му бил понуден мега-договор. Засега, боксерот не ги потврди шпекулациите.
Be careful what you wish for: fate took my wish for “some #adrenalin” a bit too literally and our boat-trip Sunday night ended up in our boat #igniting and family & friends being evacuated by coast guard and fire rescue-team. No worries: we are all fine! #theroofisonfire #song😱 pic.twitter.com/sGN7xfG5JM
— Klitschko (@Klitschko) June 25, 2019