Демијан, синот на глумицата Елизабет Харли, сними реклама за маскара со светскиот модел Ирина Шајк. На Инстаграм потоа објави видео од снимањето. 18-годишниот Демијан вели дека со воодушевување ја прифатил поканата да сними реклама за новата маскара на Пат Мекграт, но уште повеќе затоа што партнерка му е Шајк, која „го одзема здивот“.
И британската глумица откри дека е горда на нејзиниот син. Таа се пофали дека Демијан снимил нова реклама, а напиша и дека наскоро тој ќе стане најбараниот машки модел во светот.