(Видео) Скандал во британскиот X-Factor – Кандидатите во солзи, гласањето прекинато

Гласањето во британското шоу X-Factor синоќа продуцентите мораа да го прекинат поради катастрофалните технички проблеми.

Еден од натпреварувачите Дени Тетлеи додека пееше, звучеше како робот. Тој ја пееше песната од бендот Queen, Who Wants To Live Forever, а на екранот позади него пишувало „извинете на привремените аудио грешки“.

Гневните гледачи на социјалните мрежи на шоуто пишуваа негативни коментари. Цели десет минути звукот беше целосно променет и кандидатите звучеа чудно. По рекламниот блок, емисијата продолжи, а екипата од шоуто се извини поради проблемите. Подоцна објасниле дека сеуште трае истрагата за која се случил ваквиот гаф.

„Вечерашното гласање е прекинато. Во утрешната емисија повторно ќе го отвориме“, изјавиле од X-Factor.

Дени пред седумнаесет години настапи на шоуто „Поп идол“ и сметал дека ова му била последна можност да успее. Поради грешките со звукот, Дени на крајот заплака.

Освен него, оваа техничка грешка го расипа и настапот и на Ентони Расел, а гледачите се надеваат дека сепак нема да има исфрлања оваа недела, затоа што сметаат дека нема да биде фер.

 

 

Scroll to Top