(Видео) Софија Вергара во бикини водела емисии пред да го освои Холивуд

Популарната актерка Софија Вергара некогаш работела како водителка во емисија за патувања. Таа  на својот профил на Инстаграм објави видео снимка од почетокот на кариерата, додека уште работела како водителка.

47-годишната актерка  се потсети на овие времиња, па објавила кратка видео снимка од емисијата во која се наоѓа на плажа во жолто бикини. Во видеото, таа зборува за една од најубавите плажи во Ел Салвадор. Емисијата ја водела со колегата Фернандо Фиоре, а се емитувала на една од најпопуларните телевизии од шпанското говорно подрачје.

Актреката ја откриле модните агенти кога имала  17 години на една јужноамериканска плажа, по што станала заштитно лице на Пепси во Јужна Америка.

Денес е во брак со американскиот актер Џо Манганиело, кој неодамна признал дека имал голема трема пред првиот состанок со неа.

Scroll to Top