(Видео) „Стоунси“ имаат нова песна после осум години

Членовите на легендарната група „Ролинг Стоунс“ има нова песна.  После осум години тие ја снимија „Living in a Ghost Town“, за која инспирација им била токму оваа глобална ситуација со коронавирусот.

Како велат, кога е најтешко, треба да го правиме тоа што најдобро умееме, а тие уште еднаш покажаа како се прави тоа.

Инаку, поради актуелната ситуација, тие ја одложија турнејата во Северна Америка, која требаше да почне во мај. Претходно исто така ја одложија поради операцијата на срце на Мик Џегер, па се надеваат дека третото закажување на турнејата за фановите таму ќе биде и среќно.

Во продолжение, слушнете ја новата песна:

Scroll to Top