(Видео) Том Круз со такси отиде да гледа филм во кино

By

Глумецот Том Круз ги изненади фановите на социјалните мрежи, откако објави видео на кое тој со такси отиде да гледа филм во едно од кината во Лондон. Иако на себе носеше црна маска, сепак фановите покрај кои тој помина, го препознаа.

dobivaj vesti na viber

Круз прво слета на аеродром со хеликоптер, а потоа повика такси да го земе и да го однесе до киното. Вели дека сакал да се релаксира со добар филм.

„Време е за добар филм“, коментираше Круз на видеото.

Во киното во Лондон го гледаше филмот „Тенет“, со Кристофер Нолан, во кој главната улога ја толкува Џон Дејвид Вашингтон, Роберт Патинсон и Елизабет Дебицки.

Британските медиуми пишуваат дека Круз карантинот го поминал во дворецот во Западен Сасекс.

 

View this post on Instagram

 

Big movie. Big screen. Loved it.

A post shared by Tom Cruise (@tomcruise) on

Ќе ви се допадне