(Видео) Уапсете го Трамп, е новата песна на раперот Ајс Кјуб

Раперот Ајс Кјуб издаде рап песна во која зборува против американскиот претседател Доналд Трамп, под наслов „Arrest the President“ (Уапсете го претседателот).

Со тоа тој им се придружи на Џеј Зи, Еминем и многу други рапери кои периодов најмногу сакаат да го „опеваат“ Трамп.

Ајс Кјуб (49) инаку е еден од основоположниците на бунтовничкиот „гангстерски“ рап во 80-те и 90-те години од минатиот век, насочен против недостатоците на општеството. Во новата песна, меѓу другото, се слуша „Уапсете го претседателот, имате докази, тој е дел од руските разузнавачки служби“ и „’Портокаловците‘ се новите белци“.

Песната ќе се најде на новиот албум на Ајс, кој излегува идниот месец.

Scroll to Top