(Видео) Вежбајте со Крис Хемсфорт

Холивудската ѕвезда Крис Хемсфорт преку „Инстаграм“ откри дека ќе ги сподели своите фитнес тренинзи со фановите. „Вежбајте додека сте дома во изолација“, вели Крис, кој се прослави со улогата на богот на грмотевиците, Тор.

Ѕвездата на филмовите со суперхероите на Марвел им нуди бесплатен увид во своите тренинзи на сите, преку сајтот centr.com. Тренинзите траат шест недели, а ги подготви Крис и неговиот тим од тренери.

Хемсфорт е познат по актерството, но и по добро обликуваното тело за кое тренира напорно скоро секој ден.

Scroll to Top