Сопругата на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, Викторија, потрошила 1350 евра за новата хидрирачка крема за лице направена од нејзината сопствена крв.
Модната дизајнерка се пофалила на Инстаграм дека сега користи крема против брчки, направена специјално за неа.
Идејата за новата крема за лице, Викторија ја добила минатата недела кога нејзината ќерка Харпер (7) ја однела на третман за лице во Германија на клиниката кај популарната докторка Барбара Сурм.
Оваа популарна докторка е позната по својот третман на лице, познато и како „вампирско лице“, каде крвта ја вбризгнува во проблематичните места на лицето и на тој начин и помага на кожата побрзо да заздрави.
Овој третман на лице е еден од популарните во Холиуд, а е се почесто се практикува во борбата против спречувањето на стареењето.
Викторија Бекам е позната по тоа што не се штеди кога е во прашање борбата против брчките. Во јануари минатата година Викторија изјавила дека издвојува ѝ до 800 евра за производ кој го користи во секојдневната нега на лицето.
За нега на телото користи производи во вредност од 500 евра, а за нега на косата и до 140 евра.
Нејзините обожаватели на социјалните мрежи пишуваат дека не се изненадени од ваквиот потег на Викторија. Таа веќе од поодамна е позната дека е подготена да направи се, само за да ја спречи појавата на брчките на лицето.