Викторија и Дејвид Бекам чекаат внуче

Поранешниот популарен фудбалер Дејвид Бекам, заедно со неговата сопруга Викторија, наскоро ќе добијат внуче, пишуваат американските медиуми.

Според пишувањето на тамошните таблоиди, нивниот син Бруклин и неговата девојка Пелц, наскоро ќе станат родители. Веста за бременоста на Пелц, досега не ја потврди никој во семејството.

„На почетокот, Викторија и Дејвид беа против таа врска, но тие беа среќни кога слушнаа за веридбата и им го дадоа својот благослов. Ова е многу возбудлив период за нивното семејство и особено им е драго што Бруклин се врати на нозе по турбулентните односи во кои се наоѓаше“.

Scroll to Top