Викторија му ги простила сите неверства на Дејвид Бекам

Модната дизајнерка Викторија Бекам, за роденденот на нејзиниот сопруг, откри неколку пикантерии и интимни моменти од нивниот живот за британските таблоиди. Двајцата се во брак повеќе од 20 години и покрај тоа што Викторија имала многупати можности да му раскине, поради неговите неверства.

Иако сега во нивниот брак сè изгледа иделано, пред повеќе од десет години љубовните афери на Дејвид можеле да го чинат развод со Викторија. Најпознатата негофа афера почнала во септември 2003 година во еден ноќен клуб во Мадрид со манекенката Ребека Лос, ќерка на холандски дипломат.

Ребека работела како негова асистентка, а папараците ги уловиле како се забавува со Дејвид, како да се познаваат со годинини наназад. Бекам ги негираше обвинувањата дека ја изневерил Викторија, а таа му поверува. Дејвид подоцна повторно бил виден со Ребека во познат клуб, а во неговиот автомобил почнале да разменуваат нежности.

На крајот завршиле во неговиот апартман. Викторија почнала да ѝ се заканува на Ребека да го остави нејзиниот сопруг на мира. Поранешната „спајсица“ му го простила неверството, а подоцна го добија третиот нивен син Круз. Ребека и по неколку месеци подоцна не прекинала да зборува за неверството кое Бекам ѝ го направи на Викторија.

Таа во јавноста изнесувала интимни детали, а во едно од своите интервјуа открила каков е Бекам во кревет.

 

View this post on Instagram

 

⭐ Best The Pose ever? ⭐ #beautyintheposeisback

A post shared by @ beauty_in_the_pose_ on

„Дејвид е многу добар љубовник. На скала од еден до десет, му давам осмица. Беше добар, но тој и изгледа дека е добар во кревет. Интимен е и убаво е кога си со таков маж во спалната соба“, изјавила Ребека, која сега работи како учителка по јога.

Излегувањето на аферите на Дејвид, не завршиле со Ребека. Тој ја изневерил Викторија и со манекенката Сара Марбек, која јавно открила дека со Дејвид двапати имала секс. Тоа било и пред авантурата која Дејвид Бекам ја имал со Ребека, но фудбалерот тоа вешто го криел од јавноста. Работите во јавност ги изнела Сара.

Таа раскажала дека со Дејвид четири пати воделе љубов во неговиот стан кога се запознале. Лицата од обезбедувањето ја донеле до неговата соба, открила таа. Пред 18 години Дејвид имал кратка љубовна афера и со Селин Лори, која тврдела дека имале секс за една вечер.

Година дена подоцна Бекам се забавувал и со манекенката Естер Канадас, а потоа во 2009 година и со Унгарката Мариан Фогарси.

За повеќето е познато дека љубовта меѓу Викторија и Бекам не била љубов на прв поглед, туку дека таа морала да работи напорно за да ја одржува. Му се заканувала и дека ќе го претепа ако не и се јави на телефон, а тој се срамел да ја побара. На крајот откако попуштил, врската ја започнале тајно, затоа што Викторија веќе била во врска.

Викторија со Дејвид го изневерила тогашниот нејзин дечко Стуарт Билтон, а Бекам го чувала подалеку од очите на јавноста. Многумина поради тоа, подоцна, по аферите на Бекам и говореле дека историјата се повторува и дека затоа Дејвид неколку пати ја изневерил, а таа морала сите да му ги прости.

Scroll to Top