Вил Смит снима забавна емисија во гаражата

By

Глумецот Вил Смит додека е во самоизолација поради коронавирусот, почнал да снима забавна емисија во својата гаража. Во неа тој вели дека дека ќе поканува специјални славни гости, но и обични луѓе кои ќе можат да ги раскажат своите приказни.

Емисијата ќе се прикажува на Snapchat, а ќе се вика „Вил од дома“ и ќе има за цел да ја забавува јавноста за време на пандемијата со коронавирусот.

Шоуто на Вил Смит ќе биде од 12 епизоди и во нив покрај познатите лица и обичните луѓе, тој ќе разговара и со своето семејство. Тој вели дека е полн со креативна енергија која планира да ја искористи на поинаков начин.

За време на пандемијата со коронавирусот, платформата Snapchat редовно обавува вести, а сега ќе биде надополнета и со забавни содржини.

Серијата „Вил од дома“ почна да се емитува од минатиот петок на 3 април, а емисиите се прикажуваат секој понеделник, среда и петок.

 

 

Ќе ви се допадне