За првпат „Бетвумен“ ќе биде бисексуална Афроамериканка

Јавициа Лесли ќе биде новата „Бетвумен“. Таа ќе ја замени досегашната Руби Роуз, која го напушти снимањето по првата сезона по големиот број критики. Лесли ќе влезе во историјата како првата бисексуална Афроамериканка која ја глумела „Бетвумен“.

Таа доби честитки и од нејзината колешка Роуз. Рајан која досега глумела во драмската комедија God Frinded Me, на CBS, во новата улога на „Бетвумен“, која ќе се вика Рајан Вајлдер, ќе дебатира во јануари 2021 година.

„Исклучително сум горда што сум првата Афроамериканка, која на телевизија ќе ја глуми култната улога на „Бетвумен“. Како бисексуална жена, почестена сум што се приклучив на ова револуционерно шоу, кое беше пресвртница за ЛГБТ заедницата“, изјавила Лесли.

Вилдер е опишана од критичарите како неуредна, помалку безобразна и нескротлива. Лесли покрај улогата во God Frinded Me, е позната и во улогите во серијата The Family Business, како и романтичната комедија од 2019 година Always a Bridesmaid.

Scroll to Top