Зак Ефрон и неговиот брат позираа голи на брод

Холивудскиот актер Зак Ефрон (35) и неговиот помал брат Дилан Ефрон (31) позираа без кошули.

За време на возење со брод по езерото Coeur d’Alene, браќата решиле да ги соблечат кошулите и да ги покажат стомачните. Браќата фотографијата ја споделиле на Инстаграм.

„Мојот иден сопруг“, „Какво тело“, „Те молам, Боже, мојата девојка не смее да го види ова“, се дел од коментарите.

Зак вклучи и видеа од него и Дилан како вежбаат голф заедно.

Познатиот актер често истакнува дека има блиски односи со својот брат, кој е познат продуцент. Еден од последните филмови на кои работеше беше блокбастерот „Ѕвезда е родена“, како асистент извршен продуцент.

Да потсетиме, неодамна австралискиот модел Пери Капернарос откри детали за наводните сексуални тенденции на актерот во новата епизода од нејзиниот подкаст „This One Friend“. Имено, Зак повеќе сакал орален секс, па се изненадила.

Scroll to Top