Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, купи луксузна јахта на саемот за јахти во Монако. Јахтата ја плати 150 милиони долари.
Таа поседува приватен хеликоптер, 24-метарски чамец, теренско возило и мотоцикл. Јахтата е изградена во Норвешка иможе да преплови половина свет само со еден резервар. На неа може да се сместат 15 луѓе во 15 приватни апартамани. Екипажот брои 43 членови и има 20 посебни соби за нив. Максималната брзина е 15 чворови.
Јахтата е оригинално проценета на 295 милиони долари, но Закерберг добил попуст бидејќи не можела да се продаде скоро цела година.