Завршена обдукцијата врз телото на Наја Ривера

Актерката Наја Ривера починала од случајно давење. Ова го изјавил во вторникот патологот од округот Вентура, откако направил обдукција врз нејзиното тело.

Телото на ѕвездата на Glee беше најдено во понеделникот во езеро во близина на Лос Анџелес. Таа беше исчезната пет дена, заедно со нејзиниот син, четиригодишниот Ривер.

Спасувачките екипи го пронашле Ривер во средата, како спиел во бродот. На него немало никакви повреди. Тој им кажал на истражителите дека пливал со мајка си и дека таа го вратила на бродот, пред да исчезне под водата.

 

Ривера ја играше улогата на Сантана Лопез во популарната музичка серија „Glee“ за средношколска музичка група.

Scroll to Top