Заврши другарството на ѕвездите на Дизни

Поранешните ѕвезди на Дизни , Деми Ловато и Селена Гомес, беа најдобри другарки во младоста, но со текот на годините ова пријателство почна да бледее. Неодамна, обожавателите се прашуваа дали овие две пејачки некогаш повторно ќе бидат заедно и дали и понатаму се дружат.  Деми одлучи да ја каже причината.

„Ја сакам Селена , ја познавам од 7 години. Кога ќе пораснеш со некој, секогаш ќе ја сакаш таа личност. Но, повеќе не сме пријателки. Јас секогаш ќе ја сакам и посакувам сѐ најдобро“ – кажа таа.

Селена и Деми започнаа да се дружат за време на снимањето на серијата „Barney & Friends“ во далечната 2002 година, а покрај тоа заедно глумеа и во филмот на Дизни, „Princess Protection Program“ во 2009 година.

Scroll to Top