Златан изгуби – треба да носи англиски дрес и да јаде „фиш енд чипс“

Златан Ибрахимовиќ официјално го загуби облогот со својот поранешен клупски колега Дејвид Бекам, и сега треба да се појави на натпревар на Англија на „Вембли“ во англиски дрес, но и да изеде „фиш енд чипс“, традиционалното англиско јадење на риба и компири.

Англија ја победи Шведска со 2:0, така што Ибрахимовиќ можеби ќе зажали за првиот предизвик до својот поранешен колега од ПСЖ, Бекам, кога му понуди вечера било каде на светот во замена за посета на продавница на „Икеа“ ако Шведска победи.

Хери Мегвајр и Деле Али постигнаа по еден гол, и Бекам сега ќе го очекува својот 36-годишен пријател на убава англиска „закуска“.

Scroll to Top