Зошто Меланија Трамп позира со отворена уста

Голем број дами ширум светот знаат кои пози ги прават попривлечни, а особено внимание кога станува збор за позирањето привлекува атрактивната убавица Меланија Трамп.

Пред да стане сопруга на претседателот Доналд Трамп, Меланија се занимавала со манекенство и моделство.

Оваа убава Словенка важи за една од најфотогеничните жени во светот. Изразот на лицето што го прави пред камерите го нарекле fish gap или „рибјо зевање“.

Експертите кои се занимаваат со фотографирање велат дека таа ова го прави веќе петнаесет години и ваквата поза ѝ е заштитен знак.

Ваквиот израз на лицето особено дојде до израз кога Меланија се пресели во Белата куќа пред три години. Многумина прокоменирале дека уште тогаш таа изгледала многу заводливо и секси.

„Кога усните ќе ви се раздвојат малку повеќе, изгледате повеќе секси. Исто така, усните ќе ви изгледаат многу поголеми отколку што навистина се“, истакнува Трејси Браун, експерт за говор на тело.

Таа истакнува дека моделите многу често ја прават оваа поза за да не го одвлечат вниманието од облеката, на која треба да биде фокусот.

Scroll to Top