Американскиот актер Крис Нот (64) ќе стане татко вторпат. Познат како Ѕверка од серијата „Сексот и градот“ на „Инстаграм“ објави фотографија од својата бремена сопруга Тара.
„Орајон ќе добие брат – подобро да се ставам во ред“, напиша Нот на својот профил на „Инстаграм“.
Честитки дојдоа од сите страни, вклучувајќи ги колешките на Крис од „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер (која ја играше Кери Бредшо) и Кристин Дејвис (која ја играше Шарлот Јорк).
„О, Боже! Толку сум среќна заради вас“, напиша Сара.
„Јее!“, напиша Кристин Дејвис.
Крис Нот се ожени со актерката Тара Лин Вилсон во 2012 година. Тие имаа долгогодишна врска пред бракот, а во 2008 година се роди нивниот син Орајон.