Ѕвездата на „Бриџертон“, Реџе-Жан Пејџ, прогласен за најзгоден маж на светот

Ѕвездата на „Брицертон“, Реџе-Жан-Пејџ избран е за најубав маж на светот, според научното истражување Златен сооднос. 34-годишниот Британец преку ноќ стана сензација. Тоа се случи во 2021 година кога беше објавена првата сезона од популарната серија на Нетфликс во која тој го играше војводата Сајмон Басет.

Според Златниот сооднос, Реџе-Жан Пејџ има најсовршено лице бидејќи ја постигнал највисока оценка за растојанието меѓу очите. Исто така, самата позиција на очите му донесела висока оценка на скалата на совршенство.

„Тој има класично згодно лице и прекрасни кафени очи. Неговите совршено обликувани усни исто така постигнаа високи резултати, а единствениот помал резултат што го постигнал се ширината и должината на неговиот нос“, стои во научното истражување Златен сооднос.

Севкупно, тој постигнал 93,65 проценти на совршениот сооднос.

Пејџ за многу кратко време доби милиони следбеници на Инстаграм, а дел од популарноста може да се припише на сега веќе познатата секс сцена во петтата епизода каде Пејџ е во љубовен однос со колешката Фиби Диневор. Тој еднаш призна дека жешките снимки во „Бриџертон“ му донеле семејна непријатност. Набргу потоа почна да се споменува како фаворит за улогата на Џејмс Бонд.

„Ако сте Британец и ви оди добро, тогаш луѓето почнуваат да го кажуваат зборот Б“, рече по гласините дека може да го замени Даниел Крег.

Денеска на Инстаграм го следат 6,5 милиони луѓе, а во 2023 година гледачите ќе можат да го гледаат во најавениот хит Dungeons & Dragons: Honor Among Thieves.

Scroll to Top