Десет илјади тони пченка затрупа пат во американската држава Охаја мината ноќ.
До несреќата дошло откако претходно се срушил складот во кој се чувала пченката, а од компанијата Miami Valley Feed & Grain Co наведоа дека на тоа место во тоа време немало никој.
Засега не се знае причината поради која дошло до рушење на складот, кој притоа оштетил и една од околните згради.
Медиумите пренесоа дека при рушењето на складот се слушнал звук кој наликувал на експлозија, па околните жители се уплашиле и повикале итни служби.
Складот при падот ја оштетил електромрежата рушејќи ги бандерите, поради што 300 куќи останале без струја.