11. издание на „Виноскоп 2017“

Од 20 до 24 септември во Скопје ќе се одржи 11-тото издание на реномираниот фестивал кој го слави виното – „Виноскоп 2017“.

Локацијата, како и минатата година, ќе биде на плоштадот Мајка Тереза пред МОБ, а на фестивалот ќе учествуваат најдобрите македонски винарници. „Виноскоп“ ќе понуди петдневно будење на сите сетила – уживање во пијалакот на боговите, разновидни вкусови, разни бои и мириси преплетени со традицијата на убавото македонско вино, храна и музика.

Мотото на годинешниот „Виноскоп“ е: „Да ја дочекаме есента заедно!“

Scroll to Top