Популарните оперски арии вечеравечер на Василичарскиот концерт беа вистински мерак и супер промена откако со години на сцената се пееше поп, рок и диско-музика.
Овој пат Националната опера и балет звучеше поинаку. Публиката уживаше, буквално од почетокот до крајот на концертот, и ја поздрави оваа промена во изборот за традиционалниот концерт.
Од „Камрина Бурана“ преку „Тоска“ до „Норма“, „Палјачи“, и „Набуко“, сосе „Веселата вдовица“, па и низ „Сицилијански вечери“ оперските дела чии познати арии беа изведени потсетија на некои убави времиња и за миг како да заборавивме на пандемијата поради која речиси две години беа одложени сите музички настани.
На Василичарскиот концерт и овој пат Наде Талевска беше незаменлива со изведба на две арии. Настапија Злата Тошевска и Сандра Митровска, Ѓорѓи Цуцковски, како и солистите од МОБ: Билјана Јосифов, Александар Стефановски, Марјан Јованоски заедно со хорот.
Многу елеганција на сцената во комбинација со прекрасни музички изведби беше она што се случуваше на сцената. Диригира Бисера Чадловска, како и Иван Еминовиќ, а концертот го режира Дејан Прошев.
Фото: Александар Томовски, „Фејсбук“ од офцијланта страница на НОБ