(Галерија) Василица со популарните арии беше мевлем за публиката, одличен концерт во НОБ

By

Популарните оперски арии вечеравечер на Василичарскиот концерт беа  вистински мерак и супер промена откако со години на сцената се пееше поп, рок и диско-музика.

dobivaj vesti na viber

Овој пат Националната опера и балет звучеше поинаку. Публиката уживаше, буквално од почетокот до крајот на концертот, и ја поздрави оваа промена во изборот за традиционалниот концерт.

Од „Камрина Бурана“ преку „Тоска“ до „Норма“, „Палјачи“, и „Набуко“, сосе „Веселата вдовица“, па и низ „Сицилијански вечери“ оперските дела чии познати арии беа изведени потсетија на некои убави времиња и за миг како да заборавивме на пандемијата поради која речиси две години беа одложени сите музички настани.

На Василичарскиот концерт и овој пат Наде Талевска беше незаменлива со изведба на две арии.  Настапија Злата Тошевска и Сандра Митровска, Ѓорѓи Цуцковски, како и солистите од МОБ: Билјана Јосифов, Александар Стефановски, Марјан Јованоски заедно со хорот.

Многу елеганција на сцената во комбинација со прекрасни музички изведби беше она што се случуваше на сцената. Диригира Бисера Чадловска, како и Иван Еминовиќ, а концертот го режира Дејан Прошев.

 

Фото: Александар Томовски, „Фејсбук“ од офцијланта страница на НОБ

Ќе ви се допадне

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

AnimeDao Attack on Titan Season 2 Episode 11

My Hero Academia Season 2 Episode 23

watch anime High School DxD

dubbed anime AnimeDao Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub)

AnimeDao That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 15

tải go88