Во мароканскиот регион Чарб – Чарда – Бени Хсен, се случи бизарен инцидент кога група на момчиња и малолетник, силувале зарзено магаре. тие поради тоа се подложени на третман против беснило.
Тие минале недела дена во болницата Мехра Белксири, а магарето било убиено поради спречување на ширењето на заразата, пренесува Мирор.
Локалните власти ги повикуваат сите луѓе кои имале сличен контакт со животните да што побрзо се јават на лекар. Стравуваат дека бројот на инфицирани може да биде поголем, затоа што некои од семејствата ги однеле своите деца од болницата надвор од регионот за да избегнат понижување во локалната заедица.
Родителите исто така тајно ги вакцинираат своите деца за да предупредат на евентуална зараза.
Инаку, како што апелираат тамошните медиуми, беснилото често доведува до смртен исход кога ќе се појават симптомите, но лечењето пред да се случи е многу ефикасно. Болеста го напаѓа мозокот и нервите, а се пренесува со гриз или гребнатина.