Американската влада стави девет кинески компании на црна листа, меѓу кои и производителот на паметни телефони Шаоми поради наводна поврзаност со кинеската војска. Од компанијата сè уште нема официјален став.
Според податоци на истражувачката компанија Гартнер, Шаоми во третиот квартал во 2020 година го престигна Епл, трета најголем производител на смартфони во светот. На американската црна листа се наоѓа и Хуавеи.
Меѓу „црните“ кинески компании за САД се и Чајна Нешнл Офшор Оил. На американските компании им е забрането да соработуваат со субјектите од листата, на која во декември беа додадени 60 кинески фирми, без дозвола на владата.