Танчерите на Македонија одиграа беспрекорно и освоија две сребрени медали на Специјалната олимпијада во Грац

Осумчлената екипа на Специјална олимпијада Македонија во конкуренција на 13 земји освои два сребрени медала на првиот Светски шампионат на специјална олимпијада кој што се одржа во Грац, Австрија. Македонската делегација настапуваше со две точки, јунифајд во двојки и соло перформанс.

На нумерата „Te quero“ од Оливер, тимот „Сонриса јунифајд“ составен од Илина Георгиева, Јулијана Петровска, Марио Мицковски, Стефан Трпковски и јунифајд партнерите Сања Матеева и Димитар Мишев, одигра прецизно и страсно и жири-комисијата настапот го оцени со сребрен медал.

Додека, пак, соло настапот на Јулијана Петровска на нумерата „I wanna dance“ на Артем Узунов, салата ја остави без здив и освои сребро.

Тие вќе денес пристигнаа во Скопје.

 

Scroll to Top