Во тазе ископан гроб најдено телото на Адеа Шабани

Македонската актерка Адеа Шабани, која исчезна пред повеќе од еден месец, е пронајдена мртва. Телото на младата девојка е најдено во плитко ископан гроб во јужна Калифорнија, на околу 80 километри од Сакраменто. Медиумите во Америка пишуваат дека властите го идентификувале пронајденото тело и дека тоа со сигурност е 25-годишната Адеа.

Полицијата во Лос Анџелес досега не ја потврди информацијата, но закажана е прес-конференција во 15 часот по американско време каде што ќе откријат повеќе детали.

НЕДОПИШАНА ПОРАКА СИГНАЛ ЗА ПОМОШ НА ИСЧЕЗНАТАТА АДЕА

Според медиумите, телото е пронајдено минатиот четврток во Драј Крик од страна на официјални лица од областа Невада, кои откриле плитко ископан гроб. Но, телото на Адеа е идентификувано дури денес.

Адеа исчезнала на 23 февруари од пред својот дом во Лос Анџелес. Истрагата не дала никакви резултати до минатиот викенд кога Крис Споц, 33-годишен актер со кого Адеа била во романтична врска, бегајќи од полицијата се самоубил пукајќи си во главата. Крис бегал со украдено возило. Набргу потоа беше откриено дека тој бил еден од главните осомничени во истрагата за исчезнатата Адеа. Истовремено, медиумите пишуваа дека полицијата има сведок кој видел како македонската актерка била насилно турната во багажникот на автомобилот на Крис.

ДЕЧКОТО НА АДЕА НАСИЛНО ЈА ЗАТВОРИЛ ВО БАГАЖНИКОТ ОД АВТОМОБИЛОТ

Адеа се преселила во Америка пред две години. Студирала глума во академијата „Стела Адлер“ и се обидувала да направи кариера во Холивуд. Вечерва во 19:30 часот по американско време во академијата ќе се одржи помен во чест на Адеа Шабани.

Scroll to Top