Недопишана порака, сигнал за помош на исчезнатата Адеа

Крис Споц, дечкото на исчезнатата Македонка во Холивуд, Адеа Шабани, имал свршеница, пишуваат американските медиуми. Според нив, Крис не бил во Лос Анџелес на 23 февруари кога исчезнала Адеа, туку на викенд во Колорадо, кај својата свршеница.

СТУДЕНТКА ПО ГЛУМА ИСЧЕЗНА ВО АМЕРИКА

Адеа дознала дека Крис е свршен, па ја прекинала врската. Медиумите се повикуваат на блиски пријатели на исчезнатата девојка кои рекле дека Адеа не сакала да има ништо со него откако ја дознала вистината. Но, тој постојано ја барал, ѝ се јавувал, ѝ испраќал пораки и ја вознемирувал. Истиот извор рекол дека Адеа ѝ се јавила на свршеницата на Крис. Таа ѝ раскажала за кусата врска, за вознемирувањата, па дури и од свршеницата на Крис барала тој да ја остави на мира.

НЕМА ТРАГА ОД ИСЧЕЗНАТА МАКЕДОНКА ВО ХОЛИВУД

Пријателите велат дека последната порака што ја испратила е чудна, оти имало само два збора – „црвени свеќи“. Тие се сомневаат дека пораката е недопишана, веруваат дека со ова Адеа сакала да им ја открие својата локација или некаква трага за тоа што ѝ се случува во моментот.

Медиумите пишуваат дека иако не бил во Лос Анџелес кога исчезнала Шабани, Споц бил еден од главните осомничени. Неколкупати бил повикан и на разговор во полиција. Ама тој не открил ништо што можело да помогне во истрагата.

ДЕЧКОТО НАСИЛНО ЈА ТУРНАЛ ВО БАГАЖНИКОТ ОД АВТОМОБИЛОТ

Адеа исчезна пред повеќе од еден месец од пред нејзиниот дом во Лос Анџелес.

Неименуван сведок за полицијата неколку дена по исчезнувањето рекол дека видел како Крис насилно ја турка Адеа во багажникот на својот автомобил и заминува во непознат правец.

СЕ САМОУБИ ДЕЧКОТО НА ИСЧЕЗНАТАТА АДЕА ШАБАНИ

33-годишниот Крис се самоуби по полициска потера во неделата. Полицијата почнала да го брка оти „тојотата“ што ја возел била пријавена за украдена. По потерата, Споц го запрел возилото и си пукал во главата. Дури потоа полицијата открила дека станува збор за мажот кој е осомничен за исчезнувањето на Адеа Шабани.

Scroll to Top