Куќа се сруши во битолската населба Генимаале по силниот земјотрес што го погоди Лерин

Стара куќа се сруши во битолската населба Генимаале по силниот земјотрес што вчеравечер го погоди Лерин, а најмногу се почувствува во Битола. Покрај старата куќа која се сруши во Битола,  биле предизвикани и други материјални штети врз куќи, згради, но и многу други објекти, како што е  пукање на тавани и ѕидови или испаднати ќерамиди.

Земјотресот со јачина од 5.8 степени по Рихтеровата скала го погоди Лерин на длабочина од 2 километра беше почувствуван до Скопје, Кичево, Тетово и други градови низ државата.

Веднаш по првичниот земјотрес, неколку афтершокови го тресеа Лерин со помала јачина од 4.8, односно 3.5 степени по Рихтер.

По земјотресот, Битола остана без телефонска и интернет-мрежа, а битолчани ноќта ја поминаа надвор пред своите домови и згради.

Фото: Фејсбук

Scroll to Top