300 луѓе во изолација по ширењето на коронавирус во ноќн клуб во Цирих

Здравствените власти на Цирих наредија десетдневна изолација за речиси 300 гости и вработени во еден ноќен клуб, откако еден од посетителите имал позитивен тест на коронавирус и било докажано дека заразил уште неколкумина.

Тој бил во клубот на 21 јуни и четири дена подоцна имал позитивен тест, исто како и пет други лица со кои бил вечерта.

Како и останатите европски земји кои ги олеснија коронамерките, и Швајцарија бележи пораст на бројот на заразени, од 18 во понеделникот на 69 вчера. Чешка, пак, пријави 260 нови случаи на коронавирус, што е најголема дневна бројка од 8 април.

Ноќните клубови во Швајцарија повторно беа отворени овој месец, но имаат обврска да ги регистрираат своите гости.

„Во случај да имаме нови големи кластери, клубовите повторно би можеле да бидат затворени“, изјавија од министерството за здравство.

 

Scroll to Top