Група Балканци се казнети со 5.000 евра поради тоа што на Ѓурѓовден во парк во Берлин правеле скара. Глобата се однесува на невниманието на тревата, а скарата не им била доволно оддалечена од најблиското дрво. Законите налагаат таа да се постави најмалку два метра подалеку од дрвото.
Законите во Берлин дозволуваат да се прави скара до 22 часот. Може да се печат цели прасиња и јагниња. Но, глобата за палење скара на зелена површина се движи од 50 евра до 500 евра, во зависност од големината на огнот. За правење скара на места каде што е забрането, следуваат и кривични пријави и глоба од 35 евра до 300 евра.
За ставање на скарата директно на тревата следува предупредување со глоба од 35 евра, а ако ја уништите тревата, ќе платите од 50 евра до 100 евра. Доколку не го соберете ѓубрето што сте го оставиле зад себе, а контролорите ве фатат, ви следува глоба од 500 евра.