Германската полиција соопштила дека по тврдењето на една девојка оти била силувана во воз од страна на фудбалски навивачи, службениците биле принудени да ги проверат сите 750 патници што патувале во тоа време.
Полицијата од градот Висбаден навела дека силувањето било пријавено во неделата рано наутро кога 19-годишна девојка, која била жртва на силување, се симнала на станицата кај местото Флерсхајм по што возот продолжил со патувањето. Како што возот застанувал на следните станици, полицијата ги проверувала сите патници што се симнувале.
„Es ist eine Schande“ – Borussia Mönchengladbach äußert sich zu Vergewaltigungs-Fall in Fan… https://t.co/DUIfRSytiu pic.twitter.com/yYY9nVAVOz
— BILD BUZZ (@bildbuzz) April 16, 2018
Агенцијата Dpa наведува дека полицијата идентификувала само еден осомничен кого подоцна и го привела.
Vergewaltigung im Tanzwaggon: Ein weiblicher Fan von Borussia Mönchengladbach soll in einem… https://t.co/E84ZgCSYcm
— 089stadt (@089stadt) April 16, 2018
Во возот имало голем број навивачи од „Борусија Мехендгладбах“, кои се враќале од Минхен, каде што нивниот клуб играл против „Баерн“.