Африкански бран во нашата земја, следуваат високи температури

Денес, времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој по должината на Повардарието повремено ќе се засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 35 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 31 степен.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно, сончево со мала локална облачност. В четврток и в петок ќе има услови за попладневна локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради продор на африкански бран, во текот на следните денови температурите на воздухот ќе бележат значителен пораст, ќе се искачуваат во интервал до 38 степени.

Scroll to Top