Ако компјутерот ви е бавен додека сте на „Јутјуб“, тоа е знак дека хакерите прават пари

Рекламите на „Јутјуб“ им дозволуваат на хакерите да профитираат на вас додека ги гледате своите омилени клипови.

На прочуениот сајт со видеосодржини се појавиле огласи кои во тајност ги користат процесориte на корисници и струи за да генерираат дигитални валути на анонимни хакери.

Првите проблеми почнале да се појавуваат на крајот од минатата недела кога луѓето на социјалните мрежи почнале да се жалат како нивните антивирус програми детектираат кодови за рударење на криптовалути кои посетиле „Јутјуб“.

Предупредувањата за нападите се појавувале и кога некои од нив ги промениле браузерот што го користеле.

Експертите на антивирдс компанијата Trend Mic“, изјавиле дека напаѓачите ја користеле платформата на „Гугл“ за поставување огласи.

Хакерите барале дигитална валута позната како монеро, а го одбрале„ Јутјуб“ затоа што на него луѓето минуваат подолг временски период.

Притоа, за дополнително да ги изнервираат корисниците и „Гугл“, хакерите малициозно кодот го криеле зад огласот со кој ги рекламираат антивирусните програми.

Се разбира, рудањето значително го забавува вашиот компјутер, а во овој случај, скриптата е дизајнирана така да користи максимум 80% од процесорската сила.

„Гугл“ се огласи по овој инцидент со соопштение дека спорните огласи се отстранети, но кога следниот пат кога ќе го посетите „Јутјуб“, а компјутерот значително ќе ви забави, најдобро е да го напуштите за да не го оштетите својот компјутер со претерана употреба на неговите ресурси.

 

 

 

Scroll to Top