Ако немате пари за такси, можете да платите со пеење

На фестивалот Ruisrock одржан во Финска од 6 до 8 јули претставено е Fortum Singalong Shuttle таксито. Начинот на плаќање за овој период се извршува исклучиво преку пеење.

Звучи неверојатно, но вистинито. Електричниот автомобил кој не емитува штетни гасови добил само најпозитивни коментари, а за тоа придонел едноставниот начин на плаќање.

Една од задоволните корисници е и Алма, меѓународната поп-ѕвезда, која на својот концерт пристигнала во еколошки прифатливото такси и вели дека е многу задоволна.

Беше сјајно да се патува до местото каде што се одржува свирката и која беше преполна со посетители, а потоа да се ужива во музиката. Плаќањето со пеење е сосема во ред, ако се прашувам јас“, истакна Алма низ насмевка.

Компанијата „Фортум“, која произведе целосно еколошко такси, нуди широк спектар на чисти енергетски решенија и ги охрабрува своите купувачи да си набават вакво возило.

„Сакаме да им порачаме на луѓето дека возењето на електричен автомобил истовремено е забавно и удобно, а исто така и одличен избор кога станува збор за заштита на животната средина“, навел менаџерот од оваа компанијата, Јуси Малкиа.

 

 

Scroll to Top