Ако се прејадете – нане, ако се опиете – морско оревче

Во текот на празниците често се прејадуваме или опиваме. Токму затоа специјалистите советуваат -консумирајте нане за прејадување, морско оревче ако се опиете.

Нане ако јадете премногу

Мачнината во стомакот е често проследена со надуеност во стомакот. Кога претерувате со храна и пијалак, најдобро решение е нането. Направете си чај од нане кој ги олеснува болките во стомакот и воспалението на дигестивниот тракт, а го намалува и чувството на глад.

Морско оревче ако претерате со алкохол

Морското оревче е одлично за детоксикација на црниот дроб кој најчесто е „уништен“ по празниците. Морското оревче можете да го ставите во храната – во ориз, во тестенини, во колачи и во житарки.

Scroll to Top